Постариот брат на Мараја Кери, Морган Кери ја тужи за предизвикување душевна болка и нарушување на неговата репутација, пишува Би-Би-Си.
Тој бара отштета од неговата сестра затоа што во неодамна објавениот мемоар „The Meaning Of Mariah Carey“ се споменува неговото насилно однесување.
Вели дека поради нејзините зборови претрпел огромна душевна болка и сериозно нарушување на неговата репутација. Особено му пречел делот каде Мараја ја опишува борбата меѓу него и неговиот татко, што се случила во нејзиното детство.
Морган тврди дека настанот бил измислен, како и дека книгата лажно сугерира дека бил насилен. Тој тврди дека другите пасуси се спорни, па ја тужи неговата сестра затоа што тврди дека се обидел да изнуди пари од неа кога таа станала успешна.
Иако ја тужипејачката, тој сè уште не објавил колкава отштета очекува.