Бајден: Прво да се набават вакцини за Американците, а потоа ако има „вишок“ ќе делиме со светот

402 прегледи

Американскиот претседател, Џо Бајден истакна дека САД ќе дели и со другите вакцини против Ковид 19, ако постои „вишок“.

„Ако имаме вишок, тогаш ќе поделиме со остатокот од светот“, истакна Бајден во Белата куќа.

Тој посочи дека вирусот не е нешто што може да се сопре со ограда, без оглед на тоа колку истата е висока.

„Ние нема на крајот да бидеме безбедни додека светот не биде безбеден. Ќе дадеме се од себе прво Американците да ја добијат вакцината, а потоа ќе се обидеме да им помогнеме на другите“, истакна тој.

Бајден вели и дека наложил кај координаторот на Белата куќа за Ковид 19, Џеф Зијетс и Министерството за здравство да порачаат дополнителни 100 милиони дози од вакцините „Џонсон и Џонсон“, која се дава во една доза, која добри одобрение за итна употреба од Американската управа за храна и лекови во минатиот месец.

Американскиот претседател вети дека ќе има доволно вакцини за 260 милиони возрасни Американци до крајот на мај. Во САД живеат околу 328 милиони луѓе, пренесува ДПА.

САД досега осигураа испорака на 300 милиони дози од „Модерна“ и 300 милиони дози од „Фајзер“ вакцината до крајот на јули. Овие вакцини се даваат во две дози.

Слични содржини