Филипче: Ако е потребно ќе се променат и протоколите, но гарантираме заштита за попишувачите на Пописот

410 прегледи

Со обезбедување на протоколи и капацитети ќе им излеземе во пресрет на попишувачите, со цел безбедно спроведување на Пописот на населението, посочи министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција.

На новинарко прашање, тој посочи дека се е подготвено за правење на тестови и дека ако е потребно ќе се направат промени и во протоколите, иако самиот протокол е доволно безбеден и штити од Ковид 19.

„Имаме капацитет да ги направиме сите потребни тестови. Меѓутоа, тоа не беше ставено во протоколот. Можеби треба да се промени. Апсолутно со сите капацитети ќе излеземе во пресрет да обезбедиме безбедност. Мислам дека самиот протокол којшто вклучува и на попишувачите и на граѓаните е сосема доволен затоа што ги прати истите принципи на превенција на болеста. Никаде каде што имаше почитување на принципите на превенција ние не видовме проблем. Само таму каде што имаше прекршување на мерките“, истакна министерот.

 

Слични содржини