250
Европската агенција за лекови (ЕМА) денес објави дека ги одобрила вакцините „Џонсон и Џонсон“ во рамките на Европската унија, пренесе Дојче веле.
Ова е четврта вакцина одобрена за употреба во блокот на ЕУ. Следува по стапките на германско-американската вакцина Фајзер / Бајонтек, британско-шведската АстраЗенека и американската Модерна.
Вакцината е изработена од фармацевтската компанија „Јансен“, која е во сопственост на компанијата „Џонсон и Џонсон“, со седиште во Белгија.
Од редовните одобрени вакцини се разликува по тоа што е потребна само една доза. ЕУ веќе обезбеди околу 400 милиони дози од вакцината.
Вакцината е под постојан преглед на регулаторот со седиште во Амстердам од декември 2020 година, додава ДВ.