Во Словенија НОВИТЕ МУТАЦИИ на ковид се шират забрзано, а откриен е и нигерискиот вид

од Stefanija Kuzmanovska
547 прегледи

Нови, многу позаразни варијанти на коронавирусот забрзано се шират во Словенија, откако во земјата беа потврдени сите три големи мутации, покажуваат податоците објавени денес во главните лаборатории во земјата.

Тјаша Жохар Чретник, директор на Националната лабораторија за здравје, животна средина и храна, за новинарите изјави дека дополнителни 155 случаи на соеви од Велика Британија биле потврдени во Словенија во изминатата недела, заедно со осум случаи на јужноафриканска мутација, објави СТА.

Досега се потврдени 238 случаи на британска варијанта, рече таа, истакнувајќи дека варијантата се ширела експоненцијално во централниот дел на Словенија.

Од осумте случаи на јужноафриканска мутација, едно лице патувало во Танзанија, додека за другите не е познато дали патувале во странство, рече Чретник.

Во Словенија е потврден еден случај на бразилската варијанта, додека нигерискиот вид, кој е сличен на јужноафриканската варијанта, беше потврден кај 16 лица.

Слични содржини