Свикана седница на Советот за безбедност

од Nikola Popovski
326 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски за утре во 13 часот свика седница на Советот за безбедност на Република Македонија, информираат од Кабинетот на претседателот. Покрај членовите на Советот, на покана на Пендаровски ќе присуствуваат и: началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски.

Единствена точка на дневен ред е Информација за стратешките набавки во Армијата во наредниот период, соопшти кабинетот на претседателот Пендаровски, стои во соопштението на Кабинетот.

Членови на Советот за безбедност се: претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, шефот на дипломатијата Бујар Османи, како и професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ Ненад Марковиќ, професорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Ветон Љатифи и поранешниот министер за одбрана и универзитетски професор Трајан Гоцевски.

Слични содржини