Нови 947 ковид-случаи во земјава

од Nikola Popovski
424 прегледи

Во последните 24 часа се направени 3.450 тестирања, а регистрирани се 947 нови случаи на коронавирус, објави Министерството за здравство. Овој податок значи дека 27 проценти од тестираните се заразени.

Билансот на новозаразени по градови изнесува: Скопје – 453, Прилеп – 65, Велес – 56, Неготино – 44, Кавадарци – 41, Штип – 30, Тетово – 29, Куманово – 26, Струмица – 22, Гостивар и Битола – по 21, Охрид – 19, Гевгелија – 18, Кочани – 17, Струга – 12, Крива Паланка и Крушево – по 9, Ресен – 7, Берово и Кратово – по 6, Делчево и Демир Капија – по 5, Дебар, Радовиш и Богданци – по 4, Кичево, Свети Николе, Пробиштип, Виница, Валандово, Демир Хисар и Пехчево – по 2.

Според извештајот, регистрирани се 397 оздравени пациенти од: Скопје – 175, Прилеп – 41, Кавадарци – 34, Куманово – 20, Велес – 16, Неготино – 15, Битола и Крива Паланка – по 14, Тетово – 11, Гевгелија – 8, Ресен, Пробиштип и Богданци – по 5, Гостивар, Штип, Струмица, Делчево и Кратово – по 4, Кичево и Крушево – по 3, Берово и Валандово – по 2, Струга, Свети Николе, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.

Слични содржини