347
Фановите на Роџер Федерер го очекуваа долго враќањето на нивниот миленик на тениските терени, но тој ги разочара испаѓајќи во четвртфиналето на АТП 250 турнирот во Доха од 42. рекет на светот Николоз Басилашвили од Грузија, кој славеше во три сетови – 3:6, 6:1, 7:5.
Во првиот сет Швајцарецот одигра солидно, додека во вториот целосно падна неговата игра и освои само еден гем.
Во третиот сет, поранешниот број еден повторно се разбуди и дури имаше меч топка при водство од 5:4, но грузискиот тенисер се извлече од ситуацијата и на крај забележа голема победа.