Субвенции за плати, самовработување, практиканство, обуки, гаранција за млади се дел од мерките, предвидува новиот Оперативниот план за вработување.
Помошта ќе се дели и врз основа на правична застапеност по секаква основа.
„Кога на еден оглас што ќе го објави Агенцијата за вработување ќе се јават пет кандидати од различна етничка припадност, тогаш при изборот на кандидатите кои ги исполнуваат условите треба да биде отсликана сликата на нашето општество во делот на етничката припадност на кандидатите. Кога тие еднакво ги исполнуваат условите ќе се гледа да бидат застапени на ист принцип како што се застапени во општеството што е правично.“ изјави Јагода Шахпаска, министер за труд и социјална политика
Пандемијата остави 18.200 лица без работа на почетокот од годинава, покажуваат бројките на Агенцијата за вработување – иако според планот ќе се вработат речиси 8000 лица помалку.