Почна аплицирање: Субвенции за микро и мали компании, занаетчии и жени претприемачи

од Берта Китинска
457 прегледи

Министерството за економија објави три јавни повици во рамки на Програмата за конкурентност и иновации и претприемништво (КИП) за 2021 година наменети за поддршка на домашните компании.

Објавени се јавните повици за субвенционирање на микро и мали претпријатија, за финансиска поддршка на женско претприемништво и за субвенционирање на занаетчии, информираше министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил.

Тој ги повика сите микро и мали компании, занаетчии и жени претприемачи да ја искористат финансиската поддршка која што им ја нуди Министерството за економија.

Со јавниот повик за субвенционирање на микро и мали претпријатија е предвидена финансиска поддршка за субвенционирање на 50% од докажаните трошоци за набавка на машини и алати и за фотоволтаични панели.
За оваа намена се предвидени вкупно 30,7 милиони денари, додека финансиската поддршка по еден апликант не може да надмине 400.000 денари.

Доколку фирмата е управувана или основана од жена, тогаш субвенцијата се зголемува за 10%.
Крајниот рок за аплицирање е 16.04.2020 година.

Јавниот повик може да го најдете на следниот линк: https://www.economy.gov.mk/doc/2916
Со јавниот повик за субвенции за поддршка на женско претприемништво предвидена е финансиска поддршка за кофинансирање на 80% на трошоците на компании кои се 50% во сопственост или управувани од жени за набавка на опрема и алати, уредување/подобрување на деловниот простор и воведување на софтверски решенија.

За оваа програма во рамки на Буџетот на Министерството за економија се предвидени вкупно 4 милиони денари, а максималниот износ на поддршка по апликант е 400.000 денари.

Крајниот рок за аплицирање е 30.04.2021 година

Јавниот повик може да го најдете на следниот линк: https://www.economy.gov.mk/doc/2917
Со јавниот повик за субвенции за занаетчии е предвидена финансиска поддршка за покривање на 60% од трошоците на занаетчиите за набавка на опрема и алати како и уредување, односно подобрување на деловниот простор. Максималниот износ на поддршка за еден апликант изнесува 120.000 денари за трошоци направени во 2020 и 2021 година.

Крајниот рок за аплицирање за овој јавен повик е 30.04.2020 година.

Јавниот повик може да го најдете на следниот линк: https://www.economy.gov.mk/doc/2915
Оваа година за прв пат за распределба на средствата предвидени во јавните повици од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво (КИП) ќе се применува начелото за рамномерен регионален развој. Тоа значи дека средствата ќе се распределуваат според развиеноста на планските региони во државата.

Слични содржини