Целерот го користеле и Египќаните како лек, а истражувањата покажале дека овој зеленчук е навистина одлична храна и извор на голема количина витамини и минерали. Содржи витамини К, Е, Ц и Б. Богато е со калциум и фолна киселина и има силно диуретично дејство.

Може да се јаде суров, но ако не сте љубител на вкусот на овој зеленчук, можете да направите и сок. Тоа подеднакво добро ќе влијае на организмот.

Дури и Новак Ѓоковиќ го започнува овој пијалок секое утро. Во една прилика, тој им откри на своите следбеници на Инстаграм дека верува дека овој сок е одговорен за неговото добро здравје.

“Добро утро на сите. Вака, го започнувам мојот ден. Прво земам топла минерална вода со лимон и лимента. Потоа земаме целер. Ги ставам во соковник за ладно цедење, да се добие сок од целер. Овој сок е полн со минерали, сол и сè уште неоткриени елементи кои го чистат вашиот црн дроб. Прави чуда, и за мене и за мојата сопруга, и за нашите деца. Додуша, тие не го земаат чист, но со додавање на сок од краставица или јаболко “, откри Новак.

Подготовка на сок: Може да користите само целер, но за подобар вкус, нутриционистите препорачуваат додавање краставица и едно зелено јаболко во соковник или блендер.

Слични содржини