Шекеринска: Картата што ја објави Каракачанов е знак на негова слабост

од Nikola Popovski
450 прегледи

„С. Македонија е оценета на второ место според интегритет во одбраната во Централна и Источна Европа. Пет земји од ЕУ и 6 стари членки на НАТО се под нас. Тоа е затоа што сме инвестирале и во транспарентноста и во интегритетот, ама за жал добрите вести не излегуваат на површина“, вели министерката за одбрана, Радмила Шекеринска за емисијата „Трилинг“.

На прашањето што значи картата на Санстефанска Бугарија што ја објави Каракачанов, Шекеринска го смета тоа за знак на слабост.

„Кога нема што да кажете денес, се вртите кон историјата. Кога нема што да понудите за граѓаните и регионот, тогаш почнувате кавги. Со нив се навредуваат соседите, не само С. Македонија, а притоа ништо не се постигнува“, изјави министерката.

Слични содржини