438
Градскиот совет на Минеаполис ќе разгледа вонсудска отштета за семејството на Џорџ Флојд, Афроамериканецот кој беше убиен од полицаец од Минеаполис минатиот мај, објави „Индипендент“.
Советот ќе ја разгледа спогодбата на затворена седница, која најверојатно ќе вреди „многу милиони долари“, заснована врз претходни примери, наведува британскиот весник.
Договорот нема да влијае на кривичната постапка против Дерек Чаувин, поранешен полицаец од Минеаполис, кому му се суди за убиството на Флојд.