САД: Повеќе од 35 милиони граѓани се целосно вакцинирани, скоро 66 милиони примиле барем една доза

од Vladimir Zorba
228 прегледи

Досега во САД се дадени над 101 милиони дози вакцини против коронавирусот.

Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) објавија дека досега се дистрибуирани 133.337.525 дози на вакцини Модерна, Фајзер-Бајонтек и Џонсон и Џонсон.

Според Ројтерс, скоро 66 милиони луѓе примиле барем една доза, а повеќе од 35 милиони граѓани биле целосно вакцинирани.