Лидерот на руската Премиер лига, Зенит од Санкт Петербург се вклучи во акцијата за вакцинирање на граѓаните на најголемата земја во светот.
Зенит за викендот го пречекува Ахмат од Грозни, а од тој натпревар па натаму, вакцинацијата со Спутник Ве ќе биде можна во „Гаспром Арената“.
Ако одите на натпревар, потребен ви е пасош и здравствена книшка, проследено со лекарски преглед, а потоа и вакцинација, поради што ќе мора да дојдете на натпреварот два часа порано.
– Вакцината ќе биде достапна за сите љубители на возраст над 18 години. Ве молиме, понесете си пасош и здравствена книшка. Пред вакцинацијата, навивачите ќе бидат прегледани од лекари. Мобилната станица за вакцинација ќе биде поставена на трето ниво на стадионот и ќе работи до крајот на сезоната – се наведува во соопштението на клубот.