Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев имаше обраќање на свеченоста по повод одбележувањето на 40 години јубилеј од формирањето на Специјална Антитерористичка Единица – Тигар.
Во придружба на првиот-заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за здравство Венко Филипче, премиерот Заев положи венец свежо цвеќе на спомен обележјето на загинатите припадници на Специјална Антитерористичка Единица – Тигар, и потоа ја проследи свечената програма по повод значајна оваа годишнина.
Премиерот Заев, во рамки на настанот, се потпиша во спомен книгата како прв премиер на кого му е укажана таа можност, а командантот на единицата на претседателот на Владата му врачи јубилејна плакета,
Во име на Владата, на командантот на САЕ-Тигар, Митко Даневски, премиерот Заев му додели благодарница за значајниот јубилеј, и му ја врачи наградата на најдобриот припадник на Специјална Антитерористичка Единица за 2020-та година.