350
Вечерва пазарните инспектори испразниле неколку скопски кафулиња каде се одржувале забави со многу гости и без почитување на протоколи.
Тие се испразнети без асистенција од полицијата.
Кафулињата ќе бидат затворени од 10 до 30 дена и ќе заработат парична казна како и прекршочна пријава.
Затворена е и игротека во која се славело роденден со повеќе славеници.
Вечерва инспектори од ДПИ затвориле е еден угостителски објект во трговскиот центар Мавровка во Скопје.