Неверојатно видео во кое главната улога ја има болно куче од Бразил стана популарно на Интернет. Слабо улично куче влегло во ветеринарната клиника и само покажало што го мачи.
„Завршував со преглед на куче, кога видов како поголемо куче ја влече едната нога и се појави на вратата“, вели ветеринарката Дајсе Фереира, не криејќи ја својата возбуда и зачуденост.
„Тоа влезе и ја крена повредената шепа како да не поздравува, но всушност ни покажуваше каде го боли“.
Ветеринарите биле зачудени – како тоа знаело каде да дојде и од кого да побара помош.
Кога го прегледале, откриле дека има мала повреда на шепата, но откриле многу посериозен проблем – тумор кој бил целосно покриен со болви.
Го измиле, се грижеле за него и почнаа да го лекуваат, а приказната за ова неверојатно суштество ја обиколи планетата во најбрзо време, а понуди за негово вдомување почнале да пристигнуваат на адресата на ветеринарната клиника.
„Најмногу е прекрасно што дојде само. Неговата интелигенција е прекрасна. Сигурна сум дека добри луѓе ќе го посвојат“, се надева ветеринарката, пренесува порталот „ДДЛ.рс“.