Босански тенисер исфрлен од турнир, му се заканувал на судијата дека ќе го убие?

од Nikola Popovski
311 прегледи

Босанскиот тенисер Дамир Џумхур бил дисквалификуван од квалификациите во Акапулко, како што наведуваат организаторите, затоа што го пцуел судијата за време на натпреварот. Против Ван де Зандшулп, Џумхур го одиграл второто коло во квалификациите, а мечот бил прекинат на 6:5 за Холанѓанецот.

При 5:5 и 40:40 во гемови, Џумхур пропуштил една топка, верувајќи дека таа излегла надвор, а му бил доделен поен на ривалот.

Тогаш Џумхур само го спуштил рекетот и отишол кај судијата, но не може да се чуе на снимката каква размена на зборови се случила

„Јаху“ пишува дека Џумхур бил претходно предупредуван, а објавено е само едно видео, со недоволни детали.

7Видлив бил револтот кај Џумхур, поради судиската одлука да му даде предност на ривалот, па Холанѓанецот доби можност да сервира за да го освои сетот.

Сепак, тоа не се случило, а Џумхур бил суспендиран. Некои портали пишуваат дека тој му се заканувал на судијата „дека ќе го убие“.

Слични содржини