Петличковски: АстраЗенека е безбедна, сите вакцини кои се одобрени во европските земји и САД се ефикасни

од Nikola Popovski
246 прегледи

„Сите се надеваме дека за скоро скоро ќе ги видиме вакцините. И во Србија интересот не е мал. На 100 милиони веќе вакцинирани, се глда дека вакцинацијата функционира и дека стапката на зараза во Србија, Израел, Велика Британија и СА значително се намалува. Има голем интерес кај нас и сите сме во исчекување да пристигнат“, изјави Александар Петличковски од Институтот за имунобиологија, за емисијата „Студио 10“.

Според него, Фајзер е една од најефиканските, најпрво во елиминирање на смртните исходи, а потоа во олеснување на текот на болеста.

„На почетокот на вакцинална карта Фајзер и Модерна беа на петто место, но големи бројки беа обезбедени и таа е потврдено дека е ефикасна. И другите вакцини се достапни, се следат несаканите ефекти од вакцините, па сега имаме пореална претстава. Она што е доказ на повеќе од 10 милиони вакцини со АстраЗенека, не е наведено дека оваа вакцина може да биде причина за појава на тромботичките случаи што се појавија од некои извори. Се работи за реклама, кампања или борба за превласт. Суштината е дека сите вакцини кои се одобрени во европските земји и во САД се ефикасни“, вели Петличковски.

Слични содржини