Се бара забрана за извоз на вакцини

од Stefanija Kuzmanovska
301 прегледи

Премиерот на германската покраина Баварија, Маркус Зедер, ги критикуваше американските власти за прекинот на испорака на вакцините на „АстраЗенека“ во Европа.

Поради тоа, тој побара од ЕУ да забрани извоз на вакцини произведени во Европа.

„Не може вакцините постојано да ја напуштаат Европа, а САД да складираат вакцини кои Европа ги чека“, рече Зедер.

Според него, потребно е да се разговара со американската влада за тоа, бидејќи, како што рече, таа тема спаѓа и во добрите трансатлантски односи.

Слични содржини