САД ги укинуваат санкциите за Иран? Бајден подготвен да им се придружи на европските партнери

од Stefanija Kuzmanovska
194 прегледи

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Саид Катибзаде, изјави дека Соединетите држави треба да ги укинат санкциите кон Иран и да обезбедат гаранции дека никогаш нема да ги повторат грешките направени од администрацијата на Доналд Трамп.

Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф денес оцени дека истекува времето САД повторно да се приклучат на нуклеарниот договор на големите сили со Иран и да ги оживеат преговорите бидејќи претседателските избори во таа земја се одржуваат во јуни, со што тоа ќе се одложи за најмалку шест месеци.

Американскиот претседател Џо Бајден изрази подготвеност да им се придружи на европските партнери и да придонесе за заживување на нуклеарниот договор, од кој неговиот претходник Доналд Трамп еднострано ги повлече САД, но Зариф оцени дека администрацијата на Бајден не направила ништо поразлично од претходната, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини