Богоев: Ме исполнува градоначалничката функција, но се уште не сум одлучил за втор мандат

од Nikola Popovski
167 прегледи

„Набрзо ќе ја соопштам одлуката. Сите варијанти се во игра. Секако во фокус ми е да го завршам тоа што го планирам. Интересно ми е да бидам градоначалник, ме исполнува оваа работа, но ќе видиме во консултации со мојот тим и партијата“, изјави актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стефан Богоев за емисијата „Студио 10“, на прашањето дали ќе се кандидира за втор мандат.

Според неговите зборови, тој воопшто не се чувствува повредено што не бил апострофиран од премиерот Заев за нов мандат.

„Не ми била спомената замерка досега. Оние што ме знаат – без разлика дали некој ме спомнал или не, може да те мотивираат, но не зависи само од бројките. Треба да си одговорен како личност. 3,5 години континуирано работиме и комуницираме со граѓаните“, вели Богоев

Слични содржини