Ново зголемување: Какви ќе бидат цените на горива од полноќ?

од Nikola Popovski
175 прегледи

Со новата одлука која ја донесе денеска Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ се зголемуваат цената на горивата во просек за 2.2%. Дизел горивото ќе се продава по цена повисока за еден денар, а бензините и екстра лесното масло за домаќинство по повисока цена за денар и половина.

Од 16.3.2021 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95  67,50  (денари/литар)

Моторен бензин   ЕУРОСУПЕР БС -98  69,50  (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  57,00  (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  46,50   (денари/литар)

Мазут М-1 НС  36,211  (денари/килограм)

 

 

Слични содржини