167
„За ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски здравјето на граѓаните е неважно и по секоја цена сакаат да го загрозат процесот за набавка на вакцини. Штанцаат лажни вести, фалсификуваат, пласираат лажни документи и конструкции“, реагираат од владеачката СДСМ на прес-конференцијата на Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму прашуваат дали од тага по Орце Камчев, Христијан Мицкоски ја попречува набавката на вакцините?
„Целата јавност ја виде спрегата Христијан Мицкоски – Орце Камчев. Блискиот соработник на Мицкоски и претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Менкиноски го брани Орце Камчев“, велат од СДСМ.