Италијанската полиција запленува вакцини на АстраЗенека

од Stefanija Kuzmanovska
242 прегледи

Италијанската полиција започна со заплена на вакцините на „АстраЗенека“ од испораката која вчера ја суспендираа официјални лица од Пиемонт, соопшти италијанската новинска агенција АНСА.

Официјални лица во регионот Пиемонт забранија употреба на доставени вакцини како мерка на претпазливост по смртта на учител по кларинет веднаш по вакцинацијата.

Неколку држави ја суспендираа употребата на вакцината на „АстраЗенека“ или одредени залихи од страв од згрутчување на крвта и други несакани ефекти.

Италијанската агенција за лекови АИФА ја прекина посебната испорака на вакцината по извештаите за смртта на морнарите и полициските службеници на Сицилија по вакцинирањето.

Претходно беше објавено дека уште еден полицаец починал на Сицилија, како и школски чувар и учител во Кампанија.

АИФА посочува дека суспензијата е мерка на претпазливост и дека сè уште не е воспоставена врска меѓу спорните случаи и имунизацијата.

Слични содржини