Кина одобри и петта вакцина против коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska
284 прегледи

Вакцината против ковид-19, изработена од Институтот за микробиологија на Кинеската академија на науките (ИМЦАС), доби зелено светло за итна употреба во Кина, соопшти Институтот во понеделникот, со што земјата ја доби петтата вакцина која ги исполнува условите за одредена употреба.

Вакцината ZF2001, која е во доцните фази на клиничкото испитување со цел регрутирање на 29.000 учесници ширум Кина, Узбекистан, Индонезија, Пакистан и Еквадор, беше одобрена за употреба во Узбекистан претходно овој месец.

Кинескиот закон за администрација на вакцини дозволува итна употреба на вакцини „во одреден опсег и време“ среде голема здравствена криза.

Меѓу четирите вакцини одобрени од Кина за општа јавна употреба, три имаа одобрение за вакцинација во вонредни ситуации од мал обем пред да добијат дозвола за употреба во пошироката јавност, пренесува „Ројтерс“.

Во соопштението на ИМКАС не беше наведено кои групи ќе имаат пристап до вакцината.

Вакцината, која заеднички ја развија ИМКАС и единицата за биолошки производи „Чонгкинг Зјифеи“, се покажа дека е безбедна и предизвикува имунолошки одговор во раните и средните фази на тестирање врз луѓе, според трудот објавен минатата година пред прегледот од експертите.

Кина, која ги забрзува напорите за вакцинирање на своето население против ковид-19, досега администрираше околу 65 милиони дози.

Земјата допрва треба да одобри вакцини развиени од странски компании.

Слични содржини