Денеска на дневен ред на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците ќе биде ставен предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта.
Со Законот за употреба на јазиците, се потенцира, јасно се дефинирани јазиците кои се службени на територијата на Република Северна Македонија и пропишано е дека на целата територија на Република Северна Македонија и во нејзините меѓународни односи, службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Дополнително, согласно наведениот закон и друг јазик што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните (албански јазик) е, исто така, службен јазик и неговото писмо.
Предлог законот содржи преодна одредба која предвидува дека патните исправи кои го содржат натписот „Република Македонија” издадени до денот на отпочнување на примената на овој закон, ќе важат до рокот на важење кој е наведен во патната исправа, но не подолго од 12 февруари 2024 година. Предложената измена е во насока на усогласување на законот со рокот предвиден во член 3 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија односно пет години од стапувањето во сила на уставните измени. Законот, според предлогот, треба да влезе во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник “, а ќе почне да се применува од 1 јули 2021 година