Др. Трајковски: На почетокот на април се очекува заразата да го достигне врвот

од Берта Китинска
221 прегледи

Уште кога беше регистириран британскиот сој на вирусот во Македонија, ги направив првичните проекции за приближниот датум на изедначување на британскиот со останатите соеви на вируси. Според тогашните пресметки изедначувањето се случи според зацртаната динамика, објаснува професорот Дејан Трајковски за Утрински брифинг кој статистички ја следи епидемиолошката состојба во земјата и прави проекции за она што би следувало.

– Но, место тогаш да се реагираше, по наш обичај, прво чекаме да случи па да се реагира. Ова реагирање е прилично млако, така што се оди на стратегија на контролирано заразување и прележување без никакви активни мерки, изјави Трајковски од Битола додава дека полицискиот час би требало да биде порестриктивен, да има затворања барем од 18 часот.

Дневните бројки на заболени од ковид-19 ќе растат уште две недели, а во почетокот на април се очекува овој бран да го достигне врвот. Тоа ќе трае десетина дена, а од средината на следниот месец, бројот на позитивни ќе се намалуваат предвидува д-р Трајковски.

Слични содржини