ЛИСТА: Коронавирусот најактивен во четири града

од Берта Китинска
374 прегледи

Бројката на заразени и починати лица изминативе недели е во секојдневен пораст. Британската мутација во земјава  се повеќе се шири.

Во овие градови има најголем број активни случаи:

Скопје 49925, активни 5646

Прилеп 6122, активни 804

Кавадарци 3872, активни 607

Охрид 3583, активни 469

Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека барањето на Комисијата за заразни болести за воведување на полициски час се должело поради нецелосното почитување на дел од анти- ковид мерките, особено поради собири после 22 часот и недозволени групирања.

Но, видеата и фотографиите кои се споделуваат во угостителските објекти покажаа дека и надвор од полицискиот час не се почитуваат мерките против ширење на ковид-19.

Земјава е на половина пат кон создавање колективен имунитет

Според анализите на Институт за имунологија, коронавирусот е повеќе проширен кај младите под 30 години а секој трет скопјанец стекнал имунитет на Ковид-19.

Теренскиот скрининг бил направена пред 4 дена во општини Аеродром, на две локации во Центар, Чаир и Карпош на околу 1000 случајни минувачи.

-Секој трет човек што шета по улица има поминато и има имунитет на оваа болест. Старосна – кај групацијата под 30 години имаме почеста преваленција. Ако вкупниот 31% кај изолираната група е 39% повеќе проширен е кај младите. Ретко слушаме дека некој стигнал до болница. Да знаеме до каде сме и уште колку ни треба. Околу 70 малку помалку % ќе имаат имунитет, вели Проф. Д-р Александар Петличковски тој додава дека  разулатите кажуваат дека земјава е на половина пат кон создавање колективен имунитет, за што е потребно болеста да ја прележат најмалку 60 отсто од граѓаните.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.930, бројката на оздравени пациенти е 98.133, на починати е 3.340, а бројот на активни случаи изнесува 11.457.

Вакцинацијата на здравствените работници продолжува, додека сè уште нема вакцини за граѓаните. Властите без нови детали околу снабдувањето со вакцини.

Полицискиот час почнува од 22 навечер до 5 наутро, но претходно, младите го користат секој час за дружби и така доаѓа до ширење на вирусот.

Слични содржини