Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Дарувар изјави дека Хрватска продолжува со имунизација со вакцината на „АстраЗенека“ и покрај фактот дека во дваесетина земји е привремено суспендирана поради појава на згрутчување на крвта кај некои пациенти.
Пленковиќ рече дека Хрватска ќе го чека мислењето на Европската агенција за лекови.
„Ставот на стручните лица по ова специфично прашање е такво што придобивките од вакцината се поголеми од сите ризици што им се познати во моментот“, рече Пленковиќ, како што пренесуваат хрватските медиуми.