170
Министерството за здравство соопшти дека пријавени се вкупно 24 починати лица на возраст од 46 до 80 години.
Билансот по градови изнесува 5 пациенти од Прилеп, од Скопје 4, од Кавадарци 3, по 2 починати лица од Гевгелија, Гостивар, Кочани и од Дебар, по едно починато лице од Куманово, Битола, Штип и од Неготино. Сите пациенти се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 571.068 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 113.929, бројката на оздравени пациенти е 98.676, на починати е 3.364, а бројот на активни случаи изнесува 11.889.