По налог на Филипче: Петчлена комисија ќе одлучува за случајот со родилката Веапоска

од Nikola Popovski
446 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче донесе решение за формирање Комисија за вршење на надзор на стручната работа на ЈЗУ ОБ Струга, а во врска со дијагностиката и лекарскиот третман на пациентката Јилдиз Веапоска, на која ѝ беа извадени три органи за време на породување.

Комисијата, која е составена по барање на министерот, како што соопшти Министерството за здравство, има пет члена и има задача да изврши надзор над стручната работа на Општата болница во Струга, а во врска со дијагностиката и лекарскиот третман на пациентката. За извршениот надзор Комисијата во рок од осум дена од денот на завршување на надзорот над стручната работа треба да достави извештај до Министерството за здравство.

Филипче бара од Комисијата, извештајот задолжително да содржи констатирана состојба, евентуални недостатоци, неправилности или пропусти во вршењето на стручната работа, а особено во однос на спроведувањето на стручните упатства и условите и начинот на укажување на здравствена заштита. Членовите на Комисијата формирана од Филипче, треба да дадат стручно мислење за состојбата во установата и настанатите или можни последици по здравјето на пацинетот и предлог за определување мерки за отстранување на недостатоци или прпопусти и рокови за нивно отстранување.

Гинекологот и директор на струшката болница Мухамед Асани рекол дека породил машко дете во случајот на дебарчанката Илдиз Веаповска, а сепак нејзиното дете е женско и тоа е само една од небулозите испишани во извештајот на лекарската комора која сепак не утврди пропусти во делувањето на докторот. Ова е само еден пробелматичен дел од извештајот за Веаповска. Во него пишува и дека бубрегот и бил изваден оти имало повреда на артеријата.

Слични содржини