Цветанов: Мијалков ми понуди дневно да вадиме по 2 милиони евра и тоа го нарече донации за партијата

од Nikola Popovski
425 прегледи

„Конечно се создадоа услови за да почне сериозно да се гради системот на владеење на правото. Додека не се случи апсењето на Мијалков и Камчев се уште функционираше коалицијата Груевски, Протугер, Мијалков, Камчев и уште 3-4 поситни функционери и личности“, вели Ване Цветанов, поранешен директор на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам, за емисијата „24 анализа“.

Тој се согласува дека е убаво да се одреди кауција за обвинетите, но таа да биде по 2,5 милијарди евра.

„Мене лично Мијалков ми понуди во 2008 година да помогнеме и организираме една операција каде дневно би се ваделе по 2 милиони евра и тогаш тоа го нарече донација на партијата“, вели Цветанов.

Слични содржини