Османи од Швајцарија: Иселениците се значаен сегмент од С. Македонија

од Nikola Popovski
174 прегледи

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи, работната посета на Швајцарија ја започна со средби со повеќе наши граѓани, како и со претставници на повеќе здруженија на дијаспората во Вил, област околу која гравитираат поголемиот број на иселеници, која се наоѓа во кантонот Сант Гален.

„Во Вил, област околу која гравитираат поголемиот број на наши иселеници во кантонот, Сант Гален, на средби со повеќе наши граѓани, претставници на повеќе здруженија на дијаспората на Македонија. Можностите да се стекнат со различни услуги и документи од нашата Амбасада во Берн, нивната вклопеност во швајцарското општество, Пописот 2021, кој од 1 март оваа година, се спроведува за оваа категорија на државјани, беа само дел од низата теми што ги дискутирав со овие наши луѓе“, објави Османи.

Според него, на нашата дијаспора во оваа земја им значел податокот дека со последниот пресек, Швајцарија е на прво место попишани граѓани во странство и ме охрабрија дека ќе продолжат да ја мобилизираат нашата заедница во таа насока.

Тој кажа дека иселениците се значаен сегмент од Северна Македонија, кои служат како мостови за соработка во земјите во кои живеат.

„Нашите политики ќе бидат ориентирани кон засилена соработка со дијаспората, додека со вашата способност, капацитет, знаење, искуство, амбиција и желба, очекувам да ѝ помогнете на државата, што ќе биде наш заеднички успех и вистинското поврзување, заедно сплотени со иста цел за подобра и поуспешна Република Северна Македонија“, нагласи Османи.

Слични содржини