Неколку експерти денес оценија дека вакцината на „АстраЗенека“ е неправедно на мета на ЕУ, како и дека тоа се случува од политички, а не од научни причини, пишува американски „Форбс“.
Наводно, суспензиите од неколку земји на ЕУ, како и Норвешка и Тајланд, настанале откако неколку случаи во кои вакцината на „АстраЗенека“, која сè уште не е одобрена во САД, го зголемила ризикот од згрутчување на крвта.
Пријавени се 17 вакви случаи, од 17 милиони кои ја примиле вакцината досега, пишува „Форбс“, додавајќи дека Европската агенција за лекови (ЕМА) не ги поврзала тие смртни случаи со вакцината, туку со возраста, бидејќи кај постарата популација проблемите со згрутчување на крвта не се реткост.
Експертот за инфективни болести од Универзитетот во Сан Диего, Деви Смит, вели дека одлуката на неколку земји од ЕУ е збунувачка бидејќи тој не видел конкретни податоци.
„Луѓето би добиле тромб со или без вакцината“, смета тој.
Епидемиологот од институтот „Џон Хопкинс“, Џенифер Нузо исто така е изненадена од суспензијата, бидејќи тоа значи суспензија во заштитата на луѓето од смртоносната болест.
„Форбс“ исто така наведува дека податоците покажале дека вакцината е ефикасна во 82 отсто од случаите во спречување на инфекција со коронавирус по две дози, и во 100 отсто од случаите во спречување хоспитализација и смрт.
Овие добри резултати доведоа до итно одобрување на вакцината во декември во Велика Британија, како и во ЕУ и од Светската здравствена организација на почетокот на 2021 година.
Досега 17 милиони граѓани во Европа се вакцинирани со вакцината на „АстраЗенека“.