Земјата што прогласи крај на епидемијата: Што направија различно во споредба со другите држави?

од Nikola Popovski
503 прегледи

Фарските острови го прогласија крајот на пандемијата на корона на 26 февруари, бидејќи немале нови случаи на инфекција повеќе од три недели. Од јули 2020 година, групата острови во Северниот Атлантик имаа три бранови на епидемијата и секој пат бројот на случаи рапидно опаѓаше.

Одговорот на данската автономна покраина на пандемијата беше многу сличен на стратегијата на другите земји: тестирање, следење контакти, затворање, кампањи за јавно здравје и реорганизација на здравствениот сектор.

Сепак, премиерот на Фарските Острови, Бардур Стиг Нилсен, за „Гардијан“ објаснува дека верува дека нивниот пристап е сè уште единствен.

За разлика од другите влади, тие одлучија многу рано да влијаат на своите граѓани давајќи препораки наместо да издаваат обврзувачки наредби.

Дека „довербата раѓа доверба“ се покажа како точно во нивниот случај. Фарската влада беше убедена дека законското ограничување на однесувањето на граѓаните ќе резултира со полош исход отколку што е денес.

Но, стратегијата заснована на доверба не беше единствената причина зошто тие успеаја да го елиминираат Ковид-19. Нивното управување со пандемијата во текот на пролетта и летото беше уникатно заради ефикасноста на истражувачкиот капацитет.

Фарските острови минатата година имаа највисока стапка на тестирање по глава на жител.

Тие секој ден тестираа до 2 проценти (или 1.000 луѓе) од вкупното население од 50.000 жители, а во јуни ги тестираа сите патници кои дојдоа на архипелагот и тоа веднаш на аеродромот, препорачувајќи да бидат тестирани шест дена подоцна.

Производството на одгледуван лосос е најважната индустрија на Фарските Острови, а во минатото земјоделците имаа големи проблеми поради лососот, што предизвика индустриски пад.

Ветеринарните клиники потоа ја изградија инфраструктурата потребна за брзо тестирање на лосос.

Брзо прилагодување

Кога започна пандемијата, ветеринарите од Фарските Острови предложија нивните лаборатории да се прилагодат на новонастанатата ситуација, така што луѓето во нив ќе можат да бидат тестирани на коронавирус.

Имаше соработка помеѓу приватните лаборатории и јавното здравство, така што Фарски Острови ги зголемија своите капацитети за тестирање, а до август можеа да тестираат од 5% до 7% од популацијата.

Во комбинација со стратегијата за следење на контактите и изолација, тие успешно го потиснаа ширењето на короната.

Повеќето луѓе патуваат на работа со свои превозни средства.

„Нашата приказна за елиминирање на ковид е приказна за генијалноста на поединци и организации кои претходно не соработувале во пандемијата. Се разбира, и други фактори играа улога. Географската положба на земјата е исто така важна бидејќи морето и воздухот се единствените можни патишта до Фарски Острови, што го олеснува управувањето со потенцијална инфекција од странство. Исто така, повеќето луѓе патуваат на работа со свои превозни средства, па затоа е малку веројатно дека инфекцијата се проширила во јавниот превоз“, вели премиерот на оваа земја.

Висок степен на доверба

Покрај тоа, населението на Фарските острови е многу помало од другите земји, а нивото на доверба е високо.

Истражувањето спроведено од Универзитетот на Фарски Острови во мај минатата година покажува дека повеќето граѓани имаат голема доверба во владата, премиерот, тамошните медиуми, сопствената општина, шефот на полицијата, здравствените власти и експертите и воопшто нивните луѓе, рече премиерот.

Довербата во политичките институции, медиумите и кај граѓаните ја прави поедноставна секоја форма на управување, вклучително и пандемија. Во помалите заедници, често има повеќе неформален надзор, а жителите имаат силно чувство на само-дисциплина. Но, само тестирањето не е доволно.

Многу земји со висока стапка на тестирање се обично оние земји со највидливи случаи. Тестирањето е успешно само ако се комбинира со мерки како што се ефективно следење на контактот и изолација.

Општо, успехот на стратегијата во борбата против ковидот зависи од географската локација и социјалните околности на таа земја.

На прашањето дали успешната стратегија против Ковид-19 е резултат на среќа или компетентност, премиерот Нилсен одговорил: „Малку и од двете“.

Слични содржини