295
Премиерот, Зоран Заев се огласи на својот фејсбук профил, на кој информираше дека инвестициите ќе продолжат за С.Македонија од страна на Европската инвестициска банка, со цел да закрепне економијата која несомнено бележи голем удар од Ковид пандемијата.
„Европската инвестициска банка ќе продолжи да инвестира во општествениот и економски развој на Северна Македонија, со поддршка на проекти за побрзо закрепнување на економијата од последиците од пандемијата, како и за проекти од Зелената агенда за инвестиции во обновлива енергија, енергетска ефикасност и дигитализацијата како дел од Економскиот инвестициски план за Западен Балкан“, истакна Заев на својот фејсбук профил.