Според денешните податоци на министерството за здравство во последните 24 часа се регистрирани 1.293 нови случаи, а починаа 24 лица.
Пријавени се вкупно 24 починати лица, на возраст од 49 – 90 години и тоа: 14 пациенти од Скопје, од Прилеп – 2 и по едно починато лице се регистрира од Куманово, Битола, Кочани, Неготино, Радовиш, Берово, Богданци и Пехчево. Дваесет и три пациенти се починати во болнички услови, додека едно лице е починато во домашни услови.