Мишел Обама запрашана за водењето љубов со Барак, нејзиниот одговор насмеа многумина (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
558 прегледи

Водителот Џими Кимел беше домаќин на поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, во својата емисија и ја праша за водењето љубов со нејзиниот сопруг.

Во оваа прилика, Мишел го промовираше своето ново кулинарско шоу Waffles + Mochi, а Кимел не ја пропушти можноста да постави незгодно прашање, што веќе еднаш ѝ го постави во една прилика, но таа вешто избегна да му одговори.

„Дали онаа вечер, кога тим на специјалци го уапси Осама Бин Ладен по наредба на вашиот сопруг, го прославивте тој настан со водење љубов?“, ја праша Кимел Мишел, на изненадување на многумина.

Мишел и овојпат брзо се снајде.

„Морам да ѝ кажам на твојата публика дека, од некоја многу болна причина, си многу опседнат со тој детал од тој огромен историски настан. Никој, во историјата на сите разговори што сум ги водела, никогаш толку не го закачил тој еден детал како тебе“, одговори таа.

„Сè уште сте тоа мало момче во твојата спална соба, под покривката со светилка, во надеж дека никој не го гледа“, додаде таа, а публиката одговори со смеа.

Слични содржини