„Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, согласно Законот за работни односи, од приватни причини, користеше одмор од 2020 година, во времетраење од три дена, заклучно со денешниот ден. Николовски од денеска им се враќа на своите работни обврски“, соопштиле од кабинетот на вицепремиерот Николовски за порталот „360 степени“, откако во дел од медиумите се појавија шпекулации дека тој заминал на продолжен викенд во Дубаи.
Информациите за наводното патување на Николовски се надоврзаа на веста дека и поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски е на одмор во Мексико, во период кога се развива аферата за набавката на софтверот за „ловење“ сообраќајни прекршоци.
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „министерот Љупчо Николовски нема многу ангажмани во моментот и наместо да истражува профитерство во набавката на вакцини, добро е да се луксузира во Дубаи и да мачка путер на очите на граѓаните“.