„Потребни се 520.000 дози вакцини за да се вакцинираат 257.000 луѓе“, изјави вечерва епидемиологот Драган Даниловски за емисијата „Топ тема“.
Според него, тој дошол до оваа бројка врз основа на на податоците добиени од страна на Институтот за имунологија и врз основа на еден програм што користи податоци за бројот на заболени, бројот на починати, број на тестови.
„Оваа пресметка е ако претпоставките се некаде дека 46% од населението е веќе имуно на Ковид-19“, потенцира Даниловски.
Тој нагласува дека се заштитени според две студии – едната од Израел, спроведена на 12.000 здравствени работници, кои прележале ковид и другата во Катар, спроведена на 40.000 граѓани кои прелажале ковид. Вели дека следењето на испитаниците траело 35 недели. Некои имале развиено антитела, а некои воопшто немале. Сепак, стапката на реинфекции на крајот на тој период била 0,02% (две лица на 10.000).