Богатството на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за време на неговиот четиригодишен претседателски мандат е намалено за околу 700 милиони долари на 2,3 милијарди долари, според индексот на милијардери на Блумберг.
Пандемијата „Ковида-19“ го погоди бидејќи деловни згради и десетина хотели и одморалишта во негова сопственост претрпеа загуби на приходите.
Пад на приходите забележаа и неговите авиони и 19 терени за голф.
Трамп во моментов е цел на истрага за финансиското работење на неговата семејна деловна империја, пренесува Би-Би-Си.
Блумберг ја анализираше деловната документација на почетокот и на крајот на неговиот мандат за да го пресмета движењето на неговото богатство во изминатите четири години.
Блумберг проценил дека вредноста на неговата главна комерцијална недвижност паднала за 26 проценти.