„Бројките се многу сериозни, според резултатите ние сме се уште во пик, но допрва и ќе влегуваме, вели градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во „Студио 10“.
-Вкупно има околу 5.400 позитивни случаи досега во Куманово. Овој месец бројките енормно се зголемија. Сметам дека треба да се преземат и посериозни мерки за спречување на ширењето на вирусот. Во болниците има 54 хоспитализирани, Куманово има модуларна болница, па 21 слободен кревет има во Ковид одделенијата, болницата има капацитет. Досега 151 кумановец го загуби животот од Ковид 19. Ние сметаме дека требаше да дојде до целосно затворање“, вели Димитриевски.