Фудбалер губи по 5 килограми на натпревар, се јави и клупскиот лекар!

од Vladimir Zorba
229 прегледи

Поранешниот бразилски репрезентативец, Хулк губи пет килограми за време на еден натпревар, а сето тоа затоа што многу се поти.

Хулк во моментов игра во својата татковина за Атлетико Минеиро, а клупскиот лекар објасни што значи слабеењето за играчот.

– Хулк многу се поти, тоа не е лошо. Всушност, спортист кој многу се поти, користи најефикасен механизам за ладење на телото, тоа се случува преку потење – рече експертот.

Тој исто така потенцираше дека Хулк треба да пие многу вода и дека стручниот штаб на Атлетико треба да обрне внимание на тоа.

– Оваа пот, кога ќе испари, предизвикува спортистот полесно и побрзо да ја изгуби телесната температура. Значи, губењето повеќе килограми преку дехидрираност преку потење не е толку голем проблем. Потребно е само да се обрне внимание на хидратацијата на овој играч – истакна докторот.

Според докторот, така ќе биде и на следните натпревари.

– Нашите луѓе стојат покрај полето со шишиња вода и кога Хулк застанува, тој веднаш добива шише вода. Тој дехидрира многу за време на натпреварите и тренинзите, па мора да биде првиот што ќе дојде на изотонична вода – заклучи докторот Атлетико Минеиро.

Слични содржини