309
Мексиканските власти запленија серија лажни дози на руската вакцина „Спутник V“ против ковид-19, објави Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), надлежен за извоз на лекови.
„Претходно денес, мексиканските власти запленија серија вакцини дизајнирани и спакувани како Спутник V“, објави рускиот инвестициски фонд РДИФ, пренесува „Ројтерс“.
„Анализата на фотографиите од запленетата серија сугерира дека станува збор за лажна супстанца која нема никаква врска со оригиналната вакцина“, се вели во соопштението на фондот.