Илјадници дози вакцини против детски болести пристигнаа во Газа

од Radmila Tasevska

Илјадници дози вакцини против детски болести, вклучително и детска парализа и сипаници, почнаа да пристигнуваат во Појасот Газа, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство.

Според извештаите, залихите се доволни за покривање на вакцинациите во следните осум до 14 месеци, а во Газа пристигнале преку преминот Рафа на границата со Египет.

Официјалниот претставник на палестинското Министерство Јасер Бузија рече дека во Газа има околу 60.000 новородени бебиња кои вообичаено би ја примиле вакцината, но поради војната што започна на 7 октомври, повеќето не ја примија.

Според него, имунизацијата е тешко да се спроведе бидејќи најголемиот дел од населението во Газа е протерано од своите домови, а стотици илјади од нив живеат во шатори или привремено сместување.

Слични содржини