302
„Дозите вакцини од Ковакс механизмот треба да пристигнат на 31 март и 15 април. Се работи за вакцините АстраЗенека, но ова го кажуваме со резерва и од таму не се сигурни и најавуваат дека постои можност за мало доцнење“, рече министерот за здравство, Венко Филипче за емисијата „24 анализа“.
Тој додаде дека кинеските вакцини исто така ги очекуваме до 31 март според најавите, но повторно додаде дека сите овие датуми мора да се земат со мала доза на резерва.