367
„Очекувам институциите да си ја завршат својата работа. Скандал ќе има само ако тоа не се случи и ако релевантните податоци за случајот не бидат обеделоденети во јавноста“, вели поранешниот пратеник Павле Богоевски во емисијата „Само вистина“, за случајот со поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.
Тој не сакаше да го коментира заминувањето на Рашковски од земјава.
„Тоа што би го потенцирал е дека очигледно има сериозен проблем со обезбедувањето присуство на осомничените во постапките, посебно во случаи на висока корупција и сигурен сум дека институциите ќе постапат правилно“, рече Богоевски, додавајќи дека не очекувам дека Рашковски ќе го прекине одморот и ќе се врати порано во земјава, но се надева дека ќе го стори тоа.