Мамиќ слави од БиХ: Господ гледа сè, господ го награди Динамо!

од Nikola Popovski
478 прегледи

„Плачам од среќа вечерва, а со мене плачат сите што го сакаат спортот во цела Хрватска, Европа и светот! Вечерва еден херојски тим, херојски штаб, херојска организација што му покажа на светот од што сме создадени“, се огласи синоќа на Фејсбук, по победата над Тотенхем, поранешниот извршен директор на хрватскиот фудбалски клуб Динамо Загреб, Здравко Мамиќ, кој моментално е во Босна и Херцеговина,со статус на бегалец.

Според него, „Господ знае сè, господ гледа сè, и вечерва Бог го награди секој човек што го сака Динамо, секој вработен, секој играч и секоја личност што вметна дури и најмал дел од себе во овој успех и покрај сите оние кои не нападнаа, саботираа и сакаа да нè уништат“.

„ВЕЧЕРВА ДИНАМО СЛАВИ, СЛАВЕТЕ СИТЕ!“, стои во објавата на Мамиќ.

Здравко Мамиќ, кој важи за главен творец на овој успешен колектив, заедно со неговиот брат Зоран Мамиќ добија пресуди и затворски казни поради наводно вадење на пари од клупската каса. Зоран Мамиќ не можеше да го води Динамо во овој историски натпревар, затоа што непосредно пред овој дуел си даде оставка, бидејќи треба да одлежи затворска казна.

Слични содржини